Тренерот на Борец се пожали: Ова ни се случува поради „луѓето во црно“ (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија славеше на гостувањето во Борец со 2-0, со што им избега на конкурентите на пет бодови на чело на македонската Прва лига. Меѓутоа, мечот го одбележаа неколку контроверзни ситуации, при кои на домаќините не им беше досуден пенал.

Поради тоа, на социјалните мрежи се јави тренерот Горазд Михаилов, кој се пожали поради денешното судење кои биле на штета на неговиот тим.

„Како тренер не можам да останам рамнодушен на фудбалските неправди кои се случуваат на нашите терени од страна на луѓето во црно. Досега не сум реагирал, но ова е премногу. За кого се игра фудбалот, кажете барем да знаеме, но веќе е очигледно, па ние тренерите зависиме од тие срамни одлуки, а луѓето кои се одговорни ќе си молчат. Овој мој статус ќе биде по поговорката ‘Кучињата си лаат, караванот си врви’.  Очекувам некои да ме нападнат со коментари за тоа каков тренер сум и човек, но тао е нивно право. Вие, ‘луѓе во црно’ го завивте во црна македонскиот фудбал со исклучок на одредени судии, но ќе се сретнеме пак. Ова е само дел... Но, ништо не ме чуди во оваа чудесна Македонија“, напиша тренерот на Борец.