Тешки ривали ги чекаат македонските клубови во второто коло во Конференциската лига

Трите македонски европретставници во новоформираната Конференциска лига добија тешки и многу незгодни ривали за второто коло, ако Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум успеат да ја минат првата фаза од квалификациите на почетокот на јули.

Чаирчани кои во првото коло ќе играат со косовски Лапи, во следната рунда ги чека португалска Санта Клара. На Силекс, кој во првото коло ќе се соочи со молдавски Петроклуб, го доби турски Сиваспор, додека Струга Трим Лум ако ја мине летонска Лиепаја ќе игра со бугарскиот гигант ЦСКА Софија.

Овие мечеви се на програмата на 22 односно 29 јули.

Инаку, противник за второ коло во Конференциската лига доби и тетовска Шкендија, ако македонскиот првак не успее да ја мине словенечка Мура во првата рунда за ЛШ, па ако црвено-црните испаднат ќе се соочат со шведски Малме или летонска Рига во третото натпреварување во Европа.