Струга се жали на судењето против Вардар (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Струга ќе испрати жалба до Фудбалската федерација на Македонија поради лошото судење на натпревар со Вардар изминатата сабота. 

Најтрофејниот македонски тим славеше со 3-0 против стружани на арената „Тодор Проески“, но за гостите спорни се два гола на „црвено-црните“. Според нив, тие се тешко оштетени во две ситуации. Првата е поради офсајд позиција, по која Бразилецот Жунињо го постигнува водечкиот гол во 59-тата минута.

Додека при вториот гол на Вардар и Жунињо, стружани се жалат дека имало прекршок над Бурхам Мустафов, но главниот судија Марјан Гоцевски не ја прекинал играта.