Струга пак дојде на бод од „лавовите“ во битката за Европа

Струга Трим Лум повторно дојде на бод од Македонија ЃП во тесната трка за излез во Европа, после денешната победа за десет минути уште од стартот на мечот против новиот првак Шкендија, а ремито на „лавовите“ со Шкупи на теренот на ФФМ.

Шкендија скоро два месеци и осум меча во низа газеа и победуваа сѐ, ја запечатија победата, но денеска во Гостивар потклекнаа, откако марјан алтипармаковски од пенал по 180 секунди и Милош Босанчиќ во 9-та по одбиената топка од пречката при ударот на стрелецот на првиот гол, ги постигнаа двата гола и со тоа го решија мечот.

За разлика од нив, Македонија ЃП не успеа да стигне до победа за да ја задржи предноста од три бода, а имаше среќа и што чаирчани не беа расположени во нападот и беа деконцентрирани, па бодот за „лавовите“ е и добар зашто остануваат и понатаму на пол-позицијата во пресрет на последните две кола.

Македонија ЃП идниот викенд ја дочекува Шкендија, додека Струга е домаќин на Вардар, а во последното коло „лавовите“ гостуваат кај вардарци, додека стружани одат во Кратово, па сега секој кикс ќе значи чекор поназад во трката за последното место во Европа.

Шкендија како првак оди во квалификациите за ЛШ, Шкупи е пласиран во квалификации за Конференциска лига, а Струга и Македонија ЃП се борат за последното место, зашто од Купот, Силекс или Академија Пандев ќе обезбеди пласман после финалето на 19 мај.

ПРВА ЛИГА, 31. КОЛО (13 ЧАСОТ)

Пелистер – Академија Пандев 3-1 (1-1)

Маневски 41, Илијовски 48, Гудијаби 72 – Маркоски 24

Ренова – Беласица 3-1 (2-0)

Јашароски 9, 45, 82 п. – Калпачки 54

Силекс – Борец 1-1 (1-0)

Георгиев 33 – Мишов 80 п.

Вардар – Работнички 1-3 (0-2)

Петејчук 83 – Силјановски 12, Ѓурѓевиќ 26, Јевтовски 57

Шкендија – Струга Трим Лум 0-2 (0-2)

Алтипармаковски 3 п., Босанчиќ 9

Шкупи – Македонија ЃП 0-0

ТАБЕЛА: Шкендија 71 бод (првак), Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга ТЛ 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, А. Пандев 35, Ренова 35, Вардар 31, Беласица 17 (испадната).