Струга го промовира Србинот Босанчиќ, кој вчера даде и гол против Пелистер (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум и официјално го промовираше своето зимско засилување Немања Босанчиќ, кој доаѓа во овој клуб од српска Колубара, а вчера даде еден гол во возбудливата и тензична контролка со Пелистер (3-2).

Босанчиќ е поранешен фудбалер на Инџија, Борац Чачак, Беране, а од лани беше дел на Колубара и сега доаѓа во Струга. Станува збор за фудбалер роден во Приштина во 1995 година и игра на позиција офанзивен играч за врска.

Стружани веќе одиграа четири контролки, а вчера првпат победија, откако во трите претходни одиграа реми - два со косовските Гњилане (3-3) и Фероникели (1-1) и една со второлигашот Велешта (0-0).

New signing ? #WelcomeBosancic #forcaStruga #WeAreStruga

Posted by F.C. Struga on Wednesday, January 27, 2021