Српскиот интернационалец Милосављевиќ по четири години се врати во Силекс

Српскиот интернационалец Стефан Милосвљевиќ (30) е најново засилување на поранешниот македонски првак и екс-освојувач на Купот, Силекс и после нешто повеќе од четири години се враќа во Кратово.

Милосављевиќ во изминативе две години беше фудбалер на Рад, а станува збор за офанзивен играч за врска, кој е петто зимско засилување откако досега во кратовскиот прволигаш дојдоа Хамза Рамани, младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски, потоа Халил Мухаремовиќ и досегашниот дефанзивец на Вардар, Никола Ристески.

Српскиот интернационалец во својата досегашна кариера играше и за Нови Пазар, Раднички Ниш, Мачва, Младост, Земун и Напредак Крушевац, како и за унгарски Путнок.

За Силекс играше во 2018 година.