Скопје го искористи киксот на Влазерими и Пелистер, Тиквеш конечно се разбуди

Екипата на Скопје е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига (Запад), благодарение на киксовите на Пелистер и Влазерими.

Скопје денеска славеше против Кадино со 2-0 на домашен терен, додека неговите главни ривали за првото место одиграа нерешено. Влазерими на домашен терен не успеа да дојде до победа ремизирајќи против Гостивар со 1-1, додека Пелистер одигра без погодоци на дуелот со Дрита.

Табела (12 коло): Скопје 22 бода, Пелистер 21, Влазрими 21, Лабуништа 21, Гостивар 19, Вардар Форино 17, Кораби 16, Дрита 16, Охрид 9, Кадино 8.  

За ралика од Западот, каде имаше промена на лидерот на табелата, Беласица ја задржа првата позиција во Втората лига – Исток, откако во 12. коло славеше на гостувањето против Каменица Саса со 0-3. Беласица дојде до победата со погодоците на Ѓорѓи Марков во 30. минута од натпреварот, најдобриот стрелец Мартин Мирчевски во 82. минута, и Кокалански во 89. минута.

Тиквеш, под водство на новиот тренер Раде Цицмиловиќ, дојде до убедлива победа од 7-1 против Осогово.

Табела (12 коло): Беласица 28 бода, Кожуф 26, Тиквеш 24, Брегалница 24 (натпревар помалку), Кит-Го Пехчево 24, Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово, 6, Питу Гули 3 (натпревар помалку).