Скопјанец му пиша на Емери: Земи го Адем од Вардар за да имаш невидено трио-фантастико (ФОТО)

Откако бразилската ѕвезда Давид Луиз дојде летово од Челси за осум милиони фунти во Арсенал, топчиите склопија „тандем“ според фризурите со „кариоката“ и Матео Гуендузи, кои на мечот со Барнли (2-1) личеа како близнаци.

Доволен повод тоа беше за скопјанец и навивач на Вардар, кој преку Твитер му пиша на менаџерот Унај Емери – да го земе и младиот репрезентативец Али Адем. Адем е фудбалер за врска, кој веќе подолго време е дел од првиот тим на црвено-црните, а сезонава стандарден првотимец и еден од најталентираните играчи на најтрофениот клуб.

Нормално, понудата до Емери за Адем е за да се комплетира „трио фантастико“ со фризурите, сооглед дека и младиот вардарец има коса како Луиз и Гуендузи.

„Унај Емери, што мислите за нашето момче Али Адем? Давид Луиз, Матео Гуендузи и Али. Па вашите противници ќе бидат збунети“, напиша скопјанецот од профилот Скопски Вардар.

Адем летово се поврзуваше со трансфер во Фенербахче и Спортинг Лисабон, но остана во Вардар.