Синот на Ривалдо се нуди на новиот македонски прволигаш!

Синот на прославениот поранешен фудбалер на Барселона, Милан и многу други европски гиганти Ривалдо, се понудил на новиот македонски прволигаш Струг Трим Љум. Агентот на Ривалдињо испратил понуда до раководството на клубот од Струга, а останува да видиме дали ќе го гледаме Бразилецот во македонското првенство.

Ривалдињо во моментов е член на бугарскиот гигант Левски Софија со кој има договор до 2020 година. Бразилецот во минатото настапуваше и во Романија и тоа во дресот на Виторул и Динамо Букурешт.

Се уште не е познато дали Ривалдињо во Струга би дошол како позајмен фудбалер или ќе направи комплетен трансфер. Струга Тим Љум пред неколку денови го официјализираше Емран Рамадани кој дојде од Ренова, а блиску се во тимот да го донесат искусниот Артим Положани.