Силекс се засили и со Хрват во нападот

Поранешниот македонски првак Силекс донесе уште еден интернационалец во своите редови, овојпат од Хрватска, откако денеска го промовираше офанзивецот Томислав Турчин, чиј последен клуб му беше Сесвете.

Турчин (25) е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, роден во Винковци, кој преку Цибалија бил дел и од Риека, а играл и за Вараждин, Б-тимот на Динамо Загреб, Хрватски Драговољац, а има и интернационално искуство како член на босански Широки бријег и на словенечки Алуминиј.

Станува збор за офанзивец, кој игра на десната крилна позиција, иако може да игра и како втор напаѓач, па и на спротивната странична позиција како лево крило.

Кратовци сезонава веќе ги ангажираа повратникот и српски интернационалец од средниот ред Стефан Милосављевиќ, доскорешниот вардаров дефанзивец Никола Ристески, црногорскиот интернационалец Халил Мухаремовиќ, младинскиот македонски репрезентативен центарфор Марко Ѓоршиевски, како и Хамза Рамани.