Силекс му го продолжи договорот на Васоски по освоениот Куп (ФОТО)
Силекс информира дека Васоски ќе остане на кормилото на прволигашот и во наредната сезона.
„ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.
По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи“, објави тимот.
Силекс ја завршува сезоната во Првата лига на четвртото место, односно позади Струга, Шкендија и шампионот Вардар.