Силекс ја заокружи одличната есен - им зема мерка и на Пандевци
Кратовчани играа за нијанса подобро од Академија Пандев во првото полувреме, па во 41. минута една своја акција ја крунисаа со погодок преку Виктор Серафимовски.
По 15 минути во второто полувреме Силекс успеа да постигне и втор погодок преку Дарко Додев, но надежта на гостите од Струмица ја врати Даниел Миловановиќ во 63. минута.
Академија Пандев се обиде да израмни во следните неколку минути, но во 69. минута одбраната на гостите направи грешка по центаршутот од корнер на кратовчани, а најдобро во казнениот простор снајде Срѓан Драшковиќ, кој ги постави конечните 3-1.
Силекс со денешната победа се израмни со Академија Пандев и Шкендија на табелата со по 27 бодови, односно има осум бода помалку од лидерот Вардар.
Фото: Аберџија