
„Шверцери“ го прекинаа денешниот тренинг на Шкупи: Не го тестирајте нашето трпение
Причината е однесувањето на раководството на клубот, пред се сопственикот Јасин Коњали, а денешната акција е продолжение на револтот што групата го изрази пред три дена. Тогаш го обвини Коњали дека е лажго и измамник и место да го стабилизира Шкупи, предизвикал хаос.
„Денеска 'Шверцери' го прекинаа тренингот на Шкупи. Причината? Неискреност и постојани измами од раководството. Празни ветувањата, одложени состаноци и недостаток на респект кон оние ја одржуваат навивачката група. Ние не сме гледачи, ние сме вистинскиот глас на Шкупи. Нема фудбал без респект за навивачите. Додека нема искреност и транспарентнот, ништо нема да биде нормално. Не го тестирајте нашето трпение бидејќи историјата покажува кој одлучува во овој град. Шкупи им припаѓа на скопјани, а не на измамниците“, напишаа „Шверецери“.
Шкупи зад себе има очајна сезона во која менуваше тренери и директори како на филмска лента и заврши далеку од врвот на табелата. Ништо подобра не е ситуацијата во клубот ниту летово, па навивачите се револтирани од сето тоа и се погласно го изразуваат своето незадоволство.