Шкупи урна негативен рекорд - нема мрежа која повеќе се тресела!
Шкупи со само еден освоен бод ја завршува сезоната, а денеска поставија и рекорд по број на примени голови.
Денешниот прв примен гол од Брера за Шкупи беше 125. оваа сезона во нивната мрежа. Тоа е најголема бројка на примени голови на еден прволигаш во најдобрата македонска лига.
Претходно овој негативен рекорд го држеше Брегалница Делчево која во сезоната 2003/2004 прими 124 голови.