Шкупи се засили со Адеми од Ренова

Крилниот напаѓач Илирид Адеми е нов фудбалер на Шкупи, објави клубот од скопски Чаир.

Клубот се подготвува за настап во квалификациите во Лигата на Европа, па Адеми е меѓу првите засилувања кои треба да го зголемат квалитетот на тимот. Овој фудбалер изминатата сезона играше во дресот на Ренова, каде постигна пет голови на 23 натпревари.

Претходно играше за Македонија Ѓорче Петров и Гостивар.

„Чест ми е да играм за Шкупи и остварување на сонот, па затоа решив да дојдам тука, бидејќи има голема традиција и секако верните навивачи“, изјави Адеми за клупската страница. „Навистина сум среќен што ќе бидам дел од тимот и им ветувам на 'шверцерите' дека заедно ќе постигнеме многу победи и многу голови. Се надевам дека ќе имаме успех во Лигата на Европа, каде сакаме да го минеме првото коло“, додаде 25-годишниот фудбалер.

Адеми потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на плус уште една.