Шкендија ремизира со Домжале, Асани импресионира на пробата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија одиграа пријателски натпревар со Домжале, кој заврши без победник, 1-1.

Шкендија ги почна конкретните подготовки за квалификациите во Лигата на шампионите, тестирајќи со Домжале. Словенците поведоа во првото полувреме, преку Ибричиќ, а Шкендија изедначи дури во 75. минута и тоа преку Елмир Асани.

Тој е на проба во редовите на македонскиот шампион, а навистина се истакна со прекрасен погодок кој ја спаси Шкендија од пораз. Сепак, резултатот беше во втор план. Многу поважно за Ќатип Османи е изданието на неговите избраници во пресрет на дуелот со ТНС, во првото коло од квалификациите во ЛШ.