Шкендија промаши два пенали, но Хасани ја спаси и ја однесе на 11 бода пред Вардар

Актуелниот прволигашки лидер Шкендија избега на 11 бода во однос на прваков Вардар во македонската Прва лига, по денешната победа над Академија Пандев со 1-0 со голот н капитенот Ферхан Хасани и тоа откако тетовци преживеаа половина час со играч помалку, а попат промашија и два пенали.

Шкендија го искористи големиот кикс на Вардар, кој вчера загуби во соседското дерби со Работнички (1-2) за да направи голем исчекор кон втората шампионска титула, а на невозможните услови на Градскиот стадион во Тетово поради снегот, тетовци до триумфот дојдоа во завршницата од мечот. Претходно Хасани по 15 минути промаши пенал, па Енис Фазлагиќ направи црвен картон (21 минута), но бројчаната предност на теренот струмичани ја загубија по исклучувањето на Костантин Чешмеџиев во 53-та минута. Следеше промашен пенал од Бесарт Ибраими во 65-та минута (Никола Вујанац го одбрани неговиот удар), но Шкендија не се откажа па на 11 минути до крајот постигна гол кој веројатно ќе биде вреден титула.

Прилепска Победа пропушти голема шанса за победа и три бода против Шкупи, откако не издржа во завршните пет минути од мечот, откако направи неверојатен пресврт со 3-2 до финишот на мечот, по негативата од 0-2 за само девет минути. Шкупи во Битола по само девет минути игра имаше предност од два гола, а Дарко Тофиловски им одбрани пенал за огромни 0-3 во 11-та минута. Но, и покрај големата негатива, Победа не се откажа од борбата за бодови, па на тешкиот терен на „Тумбе Кафе“ со два гола на Благојче Гешоски стигна до огромен пресврт со 3-2, но Емре Џан на пет минути пред крајот им го зема триумфот.

Скопје прошушти шанса за победа во 93-та минута од мечот, откако Жоел промаши пенал и тоа само три минути откако Ренова успеа да израмни. Скопје со овој бод останува на голема дистанца во трката за опстанокот закован на дното на табелата.

ПРВА ЛИГА, 21 КОЛО

Шкендија – Академија Пандев 1-0 (0-0)

Хасани 79

Победа – Шкупи 3-3 (1-2)

Најдовски 42 п., Гешоски 56, 75 - Типуриќ 5, Адем 9, Џан 85

Скопје – Ренова 1-1 (0-0)

Жоел 75 – Незири 90

Силекс – Пелистер одложена

ВЧЕРА

Работнички – Вардар 2-1

Херера 2, Ангелов 6 – Попов 79

ТАБЕЛА

Шкендија 53 бода (-1), Вардар 42, Силекс 32 (-2), Работнички 27, Шкупи 27, Академија Пандев 26, Пелистер 20 (-1), Ренова 21, Победа 21, Скопје 12 (-1).