Шкендија ќе се засилува со офанзивец од Албанија?

Актуелниот есенски првак Шкендија сериозно е засинтересирана за да ангажира офанзивен фудбалер за врска од соседна Албанија, за кого тетовци биле заинтересирани и летово, но сега шансите за да го ангажираат се поголеми, објавија портали на албански јазик во земјава.

Станува збор за фудбалерот на Луфтетари, Едуард Рока, кој во минатата сезона бил еден од најдобрите фудбалери на тимот од Ѓирокастро и станува збор за 25-годишен фудбалер за врска, кој има договор со албанскиот тим до јуни идната година, но самиот факт дека договорот му истекува за шест месеци, Шкендија може да го искористи за да договори соработка и да се засили за пролетва во трката за одбрана на шампионската титула.

Дека Рока е потенцијално засилувања на рака на Шкендија ѝ оди и фактот дека менаџер на овој фудбалер е истиот кој го донесе Гледи Мици летово во клубот како засилување на левата бековска позиција. На Шкендија и недостигнаат офанзивни фудбалери за врска, особено поради серијата повреди поради кои дел од првотимците веќе извесно е дека ќе го пропуштат февруарскиот старт на вториот дел од сезоната, пред се Марјан Радески и Стенио Жуниор, како и напаѓачот Бесарт Ибраими. Сите тројца имаа операции на коленото и сега се во фаза на рехабилитација.

Инаку од поодамна се најавува дека Шкендија може да се засили и со некој фудбалер од „странците“ на нивниот најлут ривал Вардар, поради финансиските проблеми со кои се соочија скопските црвено-црни.

Тетовци на зимска пауза заминаа со пет бода предност пред Вардар, но елиминирани од Купот на Македонија и нема да ја бранат „двојната круна“.