Шкендија ќе им ги украде најдобрите играчи за врска на Вардар и на Шкупи?

Актуелниот македнски шампион Шкендија, која заврши како есенски првак во оваа сезона ќе им ги украде најдобрите фудбалери за врска на скопските Вардар и Шкупи, најавија портали на албански јазик во Македонија.

Станува збор за Камерунецот Кларенс Битанг, кој играше најконстантно цела есен за Вардар и беше еден од најдобрите играчи во турбулентната сезона, како и косовскиот младински репрезентативец од Чаир, Рон Броја. Шкендија, наводно преговара со двајцата и планира да ги ангажира, со цел да се засилу уште повеќе пред пролетниот дел од сезоната.

Ако за Битанг ситуацијата е појасна поради големите финансиски проблми со кои есенва се соочија црвено-црните, изненадува обидот да се украде Броја, кој беше еден од најдобрите фудбалери на чаирчани. Броја дојде во Шкупи од Трепча, па ако замине во Шкендија ќе биде втор талентиран фудбалер што бега од Чаир во Тетово.

Летоска Омер Имери, актуелниот младински репрезентативец на Албанија, кој претходно беше дел од младинските селекции на Македонија избега од Шкупи и потпиша за тетовци.