Шкендија го доби дербито: Вардар со полна мрежа си оди од Тетово

Фудбалерите на Шкендија беа подобри од скопскиот ривал Вардар со 4-0 во осмото коло од македонската Прва лига.

Шкендија по само три минути игра ја затресе мрежата на Гачевски преку Трумчи, по што Вардар не успеа да го возврати ударот, а набрзо прими уште два погодоци.

Ибраими и Ахмеди беа стрелци на погодоците за тетовскиот тим до крајот на првото полувреме, додека во вториот дел домаќините стрелаа преку Рамадани за триумф од 4-0 на Шкендија.

Шкендија со оваа победа стигна до 17 бодови се искачи на првото место во Првата лига, додека Вардар се наоѓа на 10. место со седум бодови.

Резултати - 8. Коло ПМФЛ:

Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0
Шкендија – Вардар 4-0