Шкендија ги задржа клучните двајца фудбалери

Шкендија денеска им ги продолжи договорите на своите двајца важни фудбалери Бесарт Ибраими и Арменд Алими, кои остануваат во клубот до 2022 година.

Ибраими кажа дека е среќен што потпишал нова соработка со клубот од Тетово и се надева дека ќе постигне многу голови во следните натпревари.

„Моето срце избра да потпишам нов договор. Мојата љубов е голема кон Шкендија и Балистите, па среќен сум што ќе продолжам да го носам овој дрес и се надевам на уште многу голови, како и трофеи“, кажа Ибраими.

Алими е пресреќен за новата соработка, па порача дека му е задоволство да ги носи боите на тетовскиот клуб.

„Шест фантастични години ме поврзуваат многу со Шкендија и Тетово, па не беше тешко за мене да ја продолжам соработката и во следниот период. Кога се завршени сите формалности, време е да се насочиме кон нови успеси“, порача Алими.