Шкендија доби ново засилување: Зени Хусмани стигна во Тетово

Шкендија вчера се засили со поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими, денеска екипата од Тетово беше потврдено дека анагажирале уште еден одличен фудбалер.

Под Шара пристигнува Зени Хусмани, кој потпиша договор до 2021 година со Тетовци, па повторно ќе игра со Агим Ибраими, со кој заедно настапуваше во Домжале.

Хусмани е роден во Чегране, Гостивар, а уште како младо момче заминал во Хрватска, каде што настапувал во Шибеник, по што следувала преселба во Домжале од Словенија.