Селската финта ја „прослави“ Македонија: Регионот ни се смее и ни гледа сеир! (ФОТО)

Селската финта што ја направи фудбалерот на Академија Пандев, Стефан Костов вчера во Ѓорче Петров за да спречи противнапад на „лавовите“ не само што ја изнасмеа македонската јавност, туку успеа да ја „прослави“ Македонија и нашата елита, за сега цел регион, па и светот да ни се смеат и да ни гледаат сеир.

Урнебесниот потег експресно стана вирален хит, па нормално „селската финта“ се најде на најурнебесната страница – селски фудбал. И таму сеирот е најголем – лигата ни била прототип за селски фудбал.

Речиси да нема медиум во регионов што не го објави урнебесното видео и потегот на Костов, кој освен Македонија, го „прослави“ и клубот на нашата легенда Горан Пандев, ама – по лошо.