Секоја чест: За Слога Виница денеска играше фудбалер со - 57 години!

Минатиот викенд во Првата македонска фудбалска лига силно одекна името на Дашмир Елези од Шкендија, кој со 16 години постигна гол на дуелот со Ренова, а денеска во Втората лига играше фудбалер со 57 години. 

Се работи за Драгослав Здравков кој настапи во второто полувреме за Слога Виница на дуелот со Осогово во рамки на Источниот регион во Втората лига. Слога славеше со убедливи 3-0, но мора да му се оддаде признание на Здравков, бидејќи со 57 години тешко е да се игра мал-фудбал, а не да се истрча на второлигашки терен. 

Фото: Инфоспорт.мк