Ренова се засили со првиот голман од златната македонска младинска генерација

Членот на златната младинска репрезентација која пред четири години играше на Еуро 2017 во Полска, голманот Игор Алексовски од денеска и официјално е член на поранешниот македонски првак Ренова, која изминатата сезона преку баражот и пенал-рулет се спаси да не испадне во Втората лига.

Алексовски, кој во изминатите две години беше дел од чаирски Шкупи, помина тежок период со повреди, по што сега си замина и ги засили „тетовци“, кои му сакаа добредојде во тимот од Џепчиште. Алексовски беше прв голман на младата селекција која играше на ЕП, а е дете на Македонија ЃП, по што дојде во Вардар, но не доби голема шанса покрај Филип Гачевски, па замина во Шкупи, а сега ќе игра за Ренова.

Покрај него, Ренова денеска се пофали со уште едно засилување, Антонио Илиески, кој ја засилува дефанзивната линија на тетовци.