Ренова го задржа и првиот голман – Велии потпиша нов едногодишен договор

Тетовска Ренова засилено го комплетира тимот за новата сезона и летната авантура во Лига Европа, па во низата потпишувања на нови договори со играчите од актуелниот тим, нов договор потпиша на една година и првиот голман на тимот.

Хадис Велии (30) останува дел од Ренова, каде брани веќе три години, а во минатата сезона беше меѓу диреците на сите 23 меча во Првата лига и „гипсарите“ не пропуштија шанса за да ја обноват соработката и за новата сезона која треба да стартува на 9 август.

Велии, кој е роден тетовец во Ренова е од јуни 2017 година, а е поранешен фудбалер од младинскиот погон на Шкендија и еден период играше во Влазерими од Кичево, пред да се пресели меѓу гипсарите. Ренова во изминатиов период потпиша договори со најголем дел од играчите кои беа и во минатата сезона, освен со Флоријан Кадриу, кој си замина и веројатно ќе ја засили Шкендија, како и со центарфорот Бојан Миовски кој направи трансфер во унгарски МТК.

На негово место веќе е донесен Ален Јашароски, доскорешниот напаѓач на Македонија ЃП како замена во нападот, а во екипата се врати и Емран Рамадани.

Hadis Velii vazhdon bashkpunimin edhe për një vit me skuadrën tonë?¬レᆰ️? #FORCARENOVA?¬レᆰ️

Posted by K.F Renova on Tuesday, July 7, 2020