Ренова го врати Рамадани како засилување за летната евроавантура

Поранешниот македонски првак Ренова г врати во своите редови Емран Рамадани после една година откако овој фудбалер ги напушти „гипсарите“, па тој сега е засилување за тетовци за новата сезона, но и за летната авантура во квалификациите за Лига Европа.

Рамадани пет годии беше дел од Ренова кога во тетовскиот клуб дојде од Кораби, а потоа замина во албански Фљамуртари, па се врати меѓу тетовци, но во изминатава сезона која ја прекина коронавирусот беше дел од Струга и сега вторпат се враќа во старото јато.

Ренова досега потпишаа нови договори со десетмина свои членови Арѓенд Гафури, Бурим Садики, Башким Вели, Саимар Фетаи, Реми Селмани, Ненад Мишковски, Џелил Абдула, Нехар Садики, Јасир Селмани и Алуш Гавазај, а клубот го напушти најдобриот стрелец Бојан Миовски кој замина во унгарски МТК, како и Флоријан Кадриу.

Emran Ramadani is back?￰゚メᆰ? #FORCARENOVA?¬レᆰ️

Posted by K.F Renova on Monday, June 29, 2020