Реми за Шкендија, пораз на Македонија ЃП на подготовките во Анталија

Актуелниот лидер во Првата лига, Шкендија со реми против украинска Зарја (1-1) ја почна главната фаза од подготовките за пролетната полусезона, а третопласираната Македонија ЃП загуби со 0-2 во својот контролен меч против Ингулец.

Шкендија после 12 минути поведоа на мечот со Зарја со гол на љупчо Дориев, но Хомченовски во 28-та израмни, по што во вториот дел мрежите мируваа, а двата тренери испробуваа тактички варијанти, двајајќи им шанса на сите избраници. Член на Зарја е македонскиот младински репрезентативен стопер Агрон Руфати, кој не играше откако се врати денеска во погонот после повредата и допрва треба да ја достигне физичката подготовка.

Македонија ЃП го запиша вториот пораз откако завчера со 1-4 загуби од украинска Олександрија, а овој меч со Ингулец беше втор од шесте планирани на тренерот Жикица Тасевски како подготовка за пролетниот дел од сезоната.

Бурен тест меч со пет гола и два црвени картони одиграа Струга Трим Лум и Пелистер, а победија стружани со 3-2 и тоа со пресврт откако на половина од првиот дел губеа со 0-2. Пелистер поведе преку Талески и Размоски во периодот од 19-та до 22-та минута, а потоа Скендери до полувреме намали во 39-та, а Босанчиќ и Миленковски во 59-та и 61-та минута погодија упте двапати за комплетен пресврт.

За стружани ова беше првиот триумф по серијата од три ремија на подготовките, додека Пелистер вторпат го тестираше својот потенцијал откако со 3-2 победи против Деволи на гостување во Корча (Албанија).

Второлигашот Охрид со 2-1 ја победи Јагодина на тест меч со головите на Божиновски и Целески, а овој српски клуб пред неколку дена го победи и Ренова со триумфот со 2-1.