Работнички се засили со српски напаѓач од грчка Каламата

Работнички денеска го потврди трансферот на српскиот напаѓач Иван Марковиќ од грчки Каламата, кој потпиша договор на една година и треба да ја засили офанзивната линија од тимот.

Марковиќ претходно настапуваше за Корона Кјелце, ЦСКА Софија, Левадијакос, Черно Море, Геонгам, Ескилстуна, Вождовац и Радник.

„Романтичарите“ утре од 18 часот игра пријателски меч против второлигашот Брегалница.

ФОТО: ФК Работнички