Работнички се засили со Османовски

Работнички продолжува со засилувањата за предизвиците кои ги очекуваат во следната сезона, а денеска на официјалниот сајт потврди дека потпишале договор со Анес Османовски, кој е второ засилување за екипата од Дебар Маало.

Тимот на Александар Влахо се засили со фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг.

„Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја мина германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Постигнавме договор и се надевам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во екипата. И во следниот период ќе бараме фудбалери на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, кажа спортскиот директор Горан Станковски.

Работнички претходно се засили и со дефанзивецот Бојан Илиевски, кој пристигна од екипата на Пелистер.