Работнички се засили со бивш ерменски репрезентативец

Работнички денеска го потврди трансферот на Бојан Ѓоргиевски, а неколку часа подоцна соопшти дека потпишала и со 28-годишниот Давид Манојан од Ерменија.

Овој офанзивен фудбалер за врска потпиша договор на една година и веднаш ќе му биде на располагање на тренерот, па притоа ќе се обиде да се наметне во првиот тим за предизвиците кои пристигнуваат во втората полусезона.

Поранешниот ерменски репрезентативец пристигнува од полскиот тим Сандецја, а претходно има настапувано за Алашкерт и Неа Саламис.