Работнички потпиша тригодишен договор со Максимов

Работнички денеска потпиша професионална соработка со талентираниот Методи Максимов, кој стави потпис на тригодишен договор.

Младиот фудбалер имаше фантастични настапи во младинската школа на клубот од Дебар Маало, како и во селекциите до 18 и 19 години.

Максимов на ваков начин доби шанса да биде дел од екипата, која ја предводи Александар Влахо во новата сезона.

Фото: ФК Работнички