После 80 дена поранешниот македонски првак Работнички конечно успеа да се израдува на победа во Првата лига, па денеска Фахрудин Ѓурѓевиќ со гол од пенал им донесе долго очекувана радост на „романтичарите“ за да ја прекинат ужасно лошата серија без триумф, со победата од 1-0 против Пелистер во дербито при дното.

Последен пат кога Работнички се израдува на победата беше 13 септември против Ренова на гости, кога Петар Петковски на 12 минути пред крајот погоди за триумф со 1-0 во петтото коло и потоа во следните осум меча до денеска, имаа шест ремија и два порази, па триумфот и тоа како им беше потребен.

Ѓурѓевиќ го реши мечот на крајот од првиот дел од пенал, а вторпат во трите досегашни триумфи со негов погодок до триумф доаѓаат дебармаалци. Тој со два гола во второто коло против Беласица беше клучен за првиот сезонски пораз, а еве сега со негов гол се враќа бившиот првак на победничките патеки.