Работнички ја засили одбраната: Ѓорѓевиќ се врати во Дебар Маало

Македонскиот прволигаш Работнички потврди уште едно засилување за пролетниот дел од сезоната, па така дел од екипата од Дебар Маало повторно ќе биде Драшко Ѓорѓевиќ, кој потпиша договор на шест месеци.

Српскиот фудбалер се враќа во Работнички, каде што настапуваше минатата сезона, по што се пресели во Рад. Ѓорѓевиќ ќе биде засилување во одбраната за тимот од Дебар Маало, кој е на подготовки во Турција.

Ѓорѓевиќ во текот на кариерата настапуваше за Синѓелиќ, Спартак, Црвена Звезда, Доњи Срем, ОФК Београд, Рад, а настапуваше и во Ал Мојзел од Саудиска Арабија.