Работнички ја прекина соработката со Горан Станковски

Македонскиот прволига Работнички соопшти дека Горан Станковски повеќе не е спортски директор на клубот од Дебар Маало.

Работнички информира преку официјалниот веб-сајт дека со меѓусебен договор била прекината соработката со Станковски, а претседателот на клубот Драган Поповски му се заблагодари за професионалниот однос.

„Му се заблагодаруваме на Горан Станковски за професионалниот однос и напорната работа во клубот во изминатиот период.Работнички му посакува многу успех во натамошниот дел од кариерата“, кажа Поповски.