Работнички им верува на младите фудбалери: Тригодишен договор за Станковски

Младиот фудбалер од средниот, Лука Станковски, потпиша професионален договор со екипата на Работнички. Тој стави потпис за верност на три години, а веќе сериозно се наметнува кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо во сениорскиот погон.

Лука Станковски е македонски репрезентативец во младинските категории. Тој е син на поранешниот тренер на Работнички и македонски репрезентативец Горан Станковски.

Во сениорскиот тим на Работнички е и неговиот повозрасен брат, Марио Станковски.