Работнички го врати Гофри во Скендербег

Работнички по серијата засилувања, посебно во нападот, решија да се ослободат од еден напаѓач, кој беше вишок во екипата, а станува збор заКамерунецот Чарлс Гофри.

Албанските медиуми пишуваат дека Работнички решил да го врати позајмениот Гофри во Скендербег, кој сега стана прекуброен во Дебар Маало по шесте зимски засилувања засега во тимот, особено со ангажманот на Баже Илијоски и Дејан Блажевски, како и на Бразилците Асуерио и Жунињо Кабрал..

Во Работнички зимава дојдоа и двајца бугарски интернационалци Николај Дилгеров и Емил Вијачки. Гофри е последен фудбалер што заминува од таборот на „романтичарите“, кои претходно се ослободија и од Деан Митрев, Остоја Стјепановиќ, Филип Петковски и Леон Најдовски.