Првото засилување на Шкендија дојде од – летонски Вентспилс

Македонскиот шампион Шкендија го донесе првото летно засилување за новата сезона и новата европска авантура од литвански Вентспилс, откако тетовци се договориja со својот поранешен фудбалер Меџит Незири (28), кој потпиша двегодишен договор. Шкендија синоќа го потврди своето прво летно засилување.

Незири во изминатата сезона играше во Летонија, каде пристигна од Ренова, а претходно беше дел од молдавска Дачија. Инаку во Шкендија играше до 2013 година, беше дел од шампионскиот состав на црвено-црните кои ја освоија првата титула во својата историја во 2011 година.

Станува збор за стопер, роден во Тетово, кој ја засилува одбраната и може да игра како централен дефанзивец, но и како десен бек. Тој веќе се приклучил на екипата во Крањска Гора во Словенија, каде тетовци ја одработуваат главната фаза од одвие летни подготовки.

Досега Шкендија ја напуштија Изаир Емини, Благоја Тодоровски и Самир Фазли, a Бесмир Бојку ќе оди на заем во косовски Фероникели. Од Шкендија најавуваа големи засилувања за нова добра европска промоција, а пред се враќање на бившиот капитен Ферхан Хасани во тимот после една година од неговото заминување во Саудиска Арабија.

Шкендија денеска ќе го дознае противникот за првото коло во квалификациите за ЛШ и на ждрепката ќе бидат носители, а потенцијални противници им се унгарски Ференцварош, романски Клуж, естонски Номе Калју, литванска Судува и ерменски Арарат.