Поразот од Струга ја „прели чашата“: Шкупи го смени тренерот!

Шкупи тешко го поднесе неочекуваниот пораз од Струга Трим Љум (0-2), по што падна и првата „жртва“ во скопскиот тим, односно тренерот Мухамер Бајрами доби отказ.

Бајрами добро го предводеше тимот на Шкупи на стартот на сезоната, со што стигне до втората позиција на табелата, но новиот неуспех со кој Шкендија избега на првата позиција, не помина добро кај раководството на клубот, кој му посака среќа во иднина на тренерот.

Шкупи во моментов е второпласиран со 13 бодови, односно четири помалку од Шкендија, а засега не е познато кој ќе ги предводи во продолжение од сезоната во македонската Прва лига.