Поранешен вардарец го засили Шкупи!

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дарко Глишиќ после шест месеци во бугарски Арда Карџали се врати во Македонија и од денеска е ново засилување на чаирски Шкупи, кој го промовираше левиот бек за свој нов член за пролетниот дел од сезоната.

Глишиќ и Шкупи потпишаа едно ипол годишна соработка, а левиот бек е поранешен фудбалер на најтрофејниот макеоднски клуб во периодот во кој со црвено-црните трипати беa шампиони, како и во историскиот настап во групната фаза во Лига Европа во 2017 година.

Левиот бек е поранешен фудбалер на Скопје, Напредок и Тетекс, а покрај за бугарска Арда, играше и за Септември Софија, за босански Олимпик Сараево и за грузиски Динамо Тбилиси. Глишиќ после потпишувањето на договорот заминува веднаш за Анталија, каде чаирчани ги одработуваат зимските подготовки за веднаш да му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи.