Поранешен младински репрезентативец потпиша за Шкупи

Македонскиот фудбалски прволигаш, екипата на Шкупи, го договори и второто засилување во зимскиот трансфер рок, откако денеска ја официјализираше соработката со поранешниот младински репрезентативец, Бенјамин Демир (23), кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП.

Демир претходно настапуваше за Вардар, Работнички, Скопје, Пелистер, како и за хрватските Хајдук и Интер Запрешиќ. Исто така беше дел и од Олимпик Сараево во БиХ како и српскиот Спартак Суботица. Тој денеска потпиша едногодишен договор со Шкупи со можност и за негово продолжување.