Поранешен фудбалер на Галата и спортски новинар ја презема Беласица!

Нов турски инвеститор пристигна во македонскиот фудбал, станува збор за поранешниот фудбалер и коментатор Еврен Турхан кој ја купи Беласица.

Продолжува трендот на купување на македонските клубови од страна на турски сопственици. По Шкупи, Гостивар, Работнички и Вардар, газда од оваа земја доби и второлигашот Беласица.

50-годишниот Турхан е турски бизнисмен кој порано беше фудбалер. Кариерата ја мина во турското првенство, а беше дел и од гигантот Галатасарај. Има два настапи и за турската репрезентација.

Беласица во моментов е на 10. место во Втората македонска фудбалска лига, со големо заостанување зад екипите кои водат битка за влез во ПМФЛ. Целта во оваа сезона на струмичкиот клуб ќе биде стабилизација, а во наредната ќе се брка место во елитата.