Почнаа второлигашите: Пелистер и Скопје ремизираа, Брегалница најубедлива

Една недела по прволигашкиот старт на новата сезона, денеска почнаа и двете второлигашки конкуренции во битката за места во македонската елита во следната сезона, па на стартот дербито на ланските прволигаши во Автокоменда заврши без победник и без голови.

Дуелот на Скопје и Пелистер, кои во мај годинава испаднаа во суперинтересната завршница од сезоната и тоа во последното коло, денеска се соочија како второлигаши во пресметката во западната конкуренција и одиграа реми. Гостивар запиша воведна победа со 2-0 кај Кораб, додека Тетекс на гостувањето кај второлигашкиот дебитант од Гостивар, Генч Калемлер одигра 1-1.

За разлика од нив, на Истокот, штипска Брегалница беше најубедлива и со 4-1 го победи Вардар во Неготино, за разлика од велешки Борец, кој минимално славеше во Радовиш кај новиот второлигаш Детонит јуниор. Брегалница и Борец се очекува сезонава да водат најолема битка за првото место кое води директно во Првата лига.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Скопје – Пелистер 0-0, Генч Калемлер – Тетекс 1-1, Кораб – Гостивар 0-2, Гоблен – струга Трим Љум 1-1. Утре играат Лабуништа - Влазерими

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Кит Го – Плачковица 1-0, Вардар Неготино – Брегалница 1-4, Тиквеш – Кожув 0-0, Каменица Саса – Партизан Обршани 2-3, Детонит јуниор – Борец 0-1