Почина Бранко Давидовски - Мајка, доајенот на спортското новинарство

Денеска на 88-годишна возраст почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски, кој беше познат по прекарот „Мајка“.

Давидовски се занимаваше со спорт од 1947 година кога се создаваше ФК Вардар, а ги помина сите категории и заигра за сениорскиот тим.

По фудбалската кариера работеше како спортски новинар, а добар дел од животот го помина како уредник на Македонското радио – Радио Скопје, а притоа Давидовски известуваше за голем број домашни и меѓународни спортски натпреварувања.

Ниту по пензионирањето не се откажа од спортот, па има работено за весниците „Вечер“, „Утрински весник“ и „Македонски спорт“...

Погребот на Давидовски ќе се одржи утре од 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.