Победа ја совлада Ренова, голот... резил (ВИДЕО)

Прилепска Победа успеа денеска да ја победи Ренова со 1-0 за да го освои осмото место на табелата и со тоа да си обезбеди бараж за опстанок во Првата лига со подобриот од второлигашкото доигрување помеѓу Борец од Велес и Гостивар.

Прилепчани до победата стигнаа со голот на Зоран Даноски во првата минута од судиското надополнување, а голот е – трагикомичен. Ренова во Струмица дојде без никакви амбиции, опстанокот од претходно им беше обезбеден, а Европа недостижна, па на Победа „гипсарите“ буквално им ја подари победата.

Коментар за подарокот од Ренова за Победа не е потребен.