„Петлињата“ на Вардар го освоија Купот против Шкендија

Вардар го освои Купот на Македонија за пионери откако во финалето што се одигра на стадионот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ја совлада Шкендија со 2-0. 

Стрелци на головите за скопскиот тим беа Георг Стојановски и Милошевски во 31-та и 60-тата минута од натпреварот.