Пелистер се спаси во судиско надополнување, па на пенали стигна до осминафинале во Купот

Фудбалерите на Пелистер се пласираа во осминафиналето во Купот на Македонија, откако по пенали успеаја да го совладаат тимот на Кит Го Пехчево со 1-2.

Иако домаќинот поведе на овој меч во 81. минута со голот на Симевски, сепак битолчани ја анулираа негативата со погодокот на Момировски во 92. минута. Потоа веднаш следуваа пенали, а во нив попрецизни беа играчите на Пелистер.

Исто така пласман во наредното коло обезбеди и тимот на Тиквеш, откако со убедлива победа од 5-1 славеше над Љуботен.