Пелистер почна со подготовки, општина Битола ветила – ќе има пари пролетва!

Актуелниот освојувач на Купот, Пелистер конечно ги започна подготовките со нов тренер, Марјан Секуловски, кој ги собра останатите фудбалери што зимава не заминаа од Битола и со неколку младинци денеска го одржаа првиот тренинг.

Како што објави „Битола Њуз“, Менде Степановски, новиот спортски директор на клубот го претставил Секуловски за нов кормилар, а на првиот собир на фудбалерите им најавил дека добил ветување од претседателот на советот на општина Битола, Влентин Груевски дека е обезбеден буџет за пролетната полусезона во која битолскиот клуб ќе грчевито ќе се бори за опстанок, а патем ќе игра во полуфиналето на Купот.

Степановски најавил дека сите што ќе бидат во клубот навремено ќе добиваат плата, додека за долговите ќе се прави посебен договор, за тие до крајот на сезоната да бидат исплатени.

„Иако времето за подготовки е кратко, ние мораме да бидеме подготвени за она што не очекува во пролетниот дел, а тоа се 18 првенствени средби и најмалку две во Купот. За тоа мора да се работи со силно темпо, а за да стигнеме со посакуваната форма, која можеби нема да биде во првото или второто коло, но ќе мора планот за работа мора да го исполниме во целост. Почнуваме во Битола, каде ќе имаме по еден тренинг до сабота, а в недела слободен ден. Од понеделник ќе се работи со засилено темпо. Остануваме во Битола до 29 јанаури, а потоа осум дена ќе работиме надвор од Битола, каде ќе одиграме две-три контролни средби. По враќањето во Битола, ќе имаме два дена слободни, а потоа ќе работиме на тактички план и да ја довоиграме екипата се до почетокот на пролетнито дел и мечот против Победа.

На денешниот прв состанок се појавија дваесетина фудбалери, од кои дел се од оние кои настапуваа есенскиот дел за Пелистер, неколкумина од младинските категории, повратници во Пелистер, а деновиве се очекуваат уште 4-5 фудбалери да се приклучат на екипата.