Пелистер и Брера со победи се загреаја за баражите (ВИДЕО)
Струмичкиот и битолскиот клуб остварија победи во последното коло и сега им претстојат бараж дуелите за опстанок во елитната конкуренција. Пелистер го совлада Башкими со 1-0, додека Брера беше подобра од Шкупи со 6-0.
Единствениот гол за Пелистер го постигна Србијанац во 24. минута од натпреварот по една акција од левата страна. Брера ја финализира агонијата на еден од најслабите тимови во историјата на македонскиот фудбал Шкупи и си ја крена атмосферата пред најважниот натпревар во сезоната.
Во баражот, Пелистер ќе игра против Шкендија Арачиново, додека Брера ќе се соочи со Скопје.