Пелистер го засили нападот со Дуков (ФОТО)

Битолскиот второлигаш Пелистер го претстави новото засилување Сашо Дуков, кој доаѓа од редовите на Силекс и треба да им помогне на битолчани во битката за враќање во македонската елита.

Дуков минатата сезона играше во Втората лига - Исток при што постигна 15 голови за Силекс и се очекува да биде големо засилување за Пелистер.

Пелистер претходно се засили со Фазлиу, Наумовски, Петровски, Миленковски, Бакрачески, Грозданоски, Мустафов и Љамчевски.